ПРЕС24: Ајде малку да разјасниме. Каде е моментот кога легитимитетот на Реџепи, како што велите Вие е изгубен?

ТАХИРИ: Реџепи беше избран за Реис во 2006 година со мандат од пет години. Во 2008 година  имаме  составено нов Устав и, со овој устав потоа биле преизбрани само седум муфтии. На Реисот мандатот му истекувал во 2011 година. Во меѓувреме Сулејман Реџепи требало да покрене работни комисии со цел составување нов правилник за негов преизбор. Му го имавме подвлечено вниманието за самопрогласувањето за вечен реис, му имавме речено дека не сакаме да го оставаме да згреши, да го згази уставот, се додека во неговите очи јас не постанав непријателот. Според нашиот Устав, тој не е избраниот и сега веќе во овој правец е пуштено и Професионално мнение до јавноста и до другите фактори!

ПРЕС24: Има ли вмешаност државата, како што обвинува Реџепи?

ТАХИРИ: Да, за Реџепи сиот свет е виновен, само тој е најдобриот и најпобожниот! Тој сплетува идиотски стратегии, сега веќе прочитани! Ја напаѓа државата, особено органите на правниот поредок кои еден ден ќе бидат принудени да го врзат и да го предадат  на истражните органи како криминален и штетен човек за општеството. Негов сон е, и не еднаш го има изразено, да се закачи со власта, да се елеминира од „македонската власт” со цел да се затвори неговото досие “испред националните очи” и тој да биде прогласен за жртва на “славо-македонците”! Вие немате поима како се чувствува тој кога не пишуваат за него секој ден „провладините медиуми”. Што сẻ  повеќе го критикуваат и пишуваат лошо за него сẻ поубеден постанува дека му се отвора портата за влез во страниците на националната историја. Не ви личи за соодветна личност за сместување и лекување во болница. Вие не можете да поверувате на каков начин изразува задоволство кога македонските медиуми го нарекуваат националиста! Тој целиот се топи, несомнено, тоа му е лек за спасување на периодот од осумдесетите кога го напаѓаше национализмот! Тој ја обвини државата за тоа како би реагирала во случај нешто слично да се случуваше со МПЦ! Реално, дали би дозволила државата  на чело на МПЦ да биде поставен некој без легитимност!? Ние имаме една голема забелешка наспроти судството со стапувањето на сила  на Новиот закон за Црквата, Верска Заедница и Религиозна група во 2008 година, кога требаше да се пререгистрираат верските институции! Пререгистрацијата на ИВЗ беше направена со претседател Сулејман Реџепи. Измамата беше направена со тоа што на Судот му беа дадени податоци дека наводно изборот на Сулејман Реџепи бил направен со Уставот од 2008 година, а не со тој со кој беше избран Сулејман Реџепи, значи со тој од 2003 година. Значи тука имаме едно тешко прекршување,се работи за фалсификат! Значи денес името на Сулејман Реџепи во Судството  е врз основа на фалсификат! Тогаш, како може сега Сулејман Реџепи да ја нападне државата!?