Interviews

Сулејман Мутлуџан, уметникот поради кој беше детронизирана Исламската Верска Заедница во Република Македонија

IMG_20170402_105841

СУЛЕЈМАН МУТЛУЏАН, СУЛЕЈМАН РЕЏЕПИ И ХИММЕТ АВЧИ, СКОПЈЕ 2011

Сулејман Мутлуџан,  има чувство на голема грижа што не го остава да биде спокоен. Неговото име се шпекулира како причина за потресите и доаѓањето на ова дереџе на Исламската Верска Заедница во Република Македонија. Овој уметник одлучил ексклузивно за 1KlikLarg.com да зборува, да раскаже, и со надеж и молитви кон Семоќниот Бог да даде скромен придонес во надминување на проблемите и за враќање на своите колосеци на Исламската Верска Заедница, како единствена Исламска верска институција во Македонија.

Уметник со албанско потекло, кој завршил класична музика, кој во 1977 година заминува во Виена да студира опера и кој, на негова несреќа, истиот ден, само што пристигнал на аеродромот, поради атентатот кој Ерменците го извршиле врз турскиот амбасадор, никогаш нема да успее да го пронајде својот куфер, со што ги изгубил сите патни документи, и за да опстане, ќе заврши на улица печејќи и продавајќи костени. Уметник кој продава костени! Сакан и почитуван од сите, татко на пет ќерки. По многу перипетии ќе стане успешен бизнисмен. Ќе отвори туристичка агенција и ќе се занимава со превоз на аџии од запад. Постепено оваа активност ќе ја прошири и на Кипар, каде што поради посебни заслуги во професионалното организирање на аџилак, ќе биде одликуван од заменик премиер Булент Аренч.  Еден од илјадниците уметници и бизнисмени наредени под симболот на Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Едноставно, уметник, пред сè, еден сакан човек и хуманист, успешен наспроти разните предизвици на животот.

Сепак, Сулејман Мутлуџан, има чувство на голема грижа што не го остава да биде спокоен. Неговото име се шпекулира како причина за потресите и доаѓањето на ова дереџе на Исламската Верска Заедница во Република Македонија. Овој уметник одлучил ексклузивно за 1KlikLarg, да зборува, да раскаже со надеж и молитви кон Семоќниот Бог да даде скромен придонес во надминување на проблемите и за враќање на своите колосеци на Исламската Верска Заедница, како единствена Исламска верска институција во Македонија.

Г-дин Сулејман, зошто ја имате грижата на лице кој ја детронизирал Исламската Верска Заедница, кога во оваа Институција никој не ве познава и речиси за никој не претставува ништо вашето име?!

Не, не, ме познаат, дури и многу добро ме познаваат. Со некои луѓе се знаеме толку долго што сме воспоставиле и пријателско досие. Реисот Сулејман Реџепи, не може да не ме познава, кога во неговиот кабинет, во присуство на пријатели, во раце му дадов 20 илјади евра за една услуга која требаше да ја заврши. Понатаму, Реисот Сулејман Реџепи, како и неговиот бандит, Мустафа Даути, не може да не ме познаваат кога на Хуманитарната Организација, во која правото на потпис ексклузивно го има Сулејман еф. Реџепи, и донирав еден џип, едно комбе за транспорт на хуманитарна помош, како и многу друга хуманитарна помош.

Од кога се познавате со овие две лица што ги апострофирате.  Како се запознавте?

Од 2008 до 2013 година, моето име во Турција, Бугарија и Кипар стана доста познато, што се должи на фактот дека мојата фирма многу успешно го организираше аџилакот. Во 2011 година сакав и во Македонија да продолжам со овој стремеж. Преку разни пријатели, преку различни врски што ги имав со моите сонародници од Македонија, главно преку Битолскиот муфтија, Плумб еф. Велиу, при крај на февруари 2011 година бев примен во кабинетот на Реисот Сулејман еф. Реџепи. Тој ме прими многу топло, разговаравме долго и широко за целта на мојата посета, за моите напори за техничко организирање на Аџилакот,  како  и за добивање на визи кои ќе бидат вишок за турските аџии. На првата средба не ме одби Ефенди Реџепи, дури ми даде и една искра на надеж дека, откако ќе го разгледа ова прашање со Меџлисот, ќе успее да ми одговори позитивно. Истата година, во последната недела од месец јуни, повторно ме прими Сулејман еф. Реџепи, од кого побарав да се грижам за превоз и сместување на аџии во светите места. Направив многу подготовки за убав аџилак за аџиите од Македонија и за многу добри погодности за Исламската Верска Заедница. Едноставно, се радував на фактот што Господ ми даде можност да придонесам, барем малку за моите сонародници, за Албанците и за Муслиманите на мојата земја од која што емигрирав во Турција. По три дена повторно се сретнавме во неговиот кабинет, и со себе носев 30 илјади евра за да ги оставам како капар. Меѓутоа, и овој пат Реисот ми рече дека треба да одлучи Меџлисот. Сепак, ми остави можност уште еднаш да се сретнеме. Дојдов во август истата година, а овој пат Ефенди Реџепи ми рече дека Арапите прават големи проблеми и дека за таа година беше невозможно да ми го даде техничкото организирање на аџилакот за 2011 година. Таа година, Сулејман Реџепи го организираше аџилакот со некојси Седат Уков!

Претходно го спомнавте и името на Мустафа Даути, на кој му се обраќате како на бандит на Сулејман Реџепи! Албанската јавност во Македонија го познава како претседател на Хуманитарната Организација ХИЛАЛ! Нели ви се чини дека навредувате еден хуман човек?!

Кај Мустафа Даути може сè да има, но хуманост и искреност апсолутно не! Како се запознав со овој човек? Преку разни контакти успеав да се запознам со еден имам од Македонија во Швајцарија, Имран Ахмети од Куманово! Ме повика во Швајцарија заради бизнис и таму дојде и ме запозна со Мустафа Даути. Веднаш ми се обрати Мустафа велејќи ми, дека како претседател на Хуманитарната Организација ХИЛАЛ ужива целосна доверба кај Реисот Сулејман Реџепи, и дека е во состојба да ми обезбеди вишок на визи, до 500 визи. Дури ми ја определи и цената, 1000 евра за виза. Притоа го спомна името на еден човек кој бил многу строг и кој бил главен за организирање на аџилак. Ми зборуваше за секретарот на Исламската Верска Заедница, за Африм Тахири, кој на Мустафа наводно му бил близок другар и сосед, па затоа му е и лесно да го убеди да не прави проблеми! Ме покани и јас отидов во Скопје. Само што се видовме ја покачи цената на визите на 1200 евра. Јас веќе дадов аванси за авиони и за хотелски резервации.  Моите визи повторно ги доби зетот на Седат Уков, Мехмет Назиф Балта?!

img_20170402_105902

Мислите дека Мустафа Даути му игра зад грб на Сулејман еф Реџепи?

Воопшто не се сомневам во тоа! Во средината на месец јануари 2013 година, ми побара 3500 евра, затоа што тој заедно со Африм Тахири, требало да заминат на еден семинар во Турција, но за тоа немале финансиски можности. Ме убеди дека е добро да го спонзорирам овој семинар, бидејќи тоа подоцна ќе го принуди дивиот Африм Тахири да попушти и да ме прими на средба! Истиот ден, преку Western Union му пратив на Мустафа Даути 3500 евра. Мустафа Даути не еднаш доаѓаше во Турција, во мојот Ресорт заради летен одмор во Анталија, убедувајќи ме дека доаѓа со Африм Тахири и дека таму ќе се сретнеме за да се договориме околу организирање на аџилакот. Кога доаѓаше, доаѓаше само со своето семејство, лажејќи ме дека во последен момент Африм го вратиле од аеродром, бидејќи се појавил голем проблем во Исламската Верска Заедница. На три пати дојде и семејството на Плумб Велиу, сите на моја сметка. Трошев само за да се сретнам со Африм Тахири, со кој никако да се запознам и да го омекнам за да не ми попречува во бизнисот. Подоцна ќе излезе на виделина дека сите работеле зад грбот на Африм Тахири, кого нечесните го злоупотребуваа како стапица за да ме ограбат. Ова што го кажувам  можам да го документирам во секое време, пред било кој суд во светот.

Во месец март 2013 година, ме повика Мустафа Даути убедувајќи ме веднаш да дојдам истиот ден, бидејќи ќе се сретнеме со Африм Тахири. Тргнав, но Африм го немаше никаде. Мустафа ме изнесе надвор од Скопје и пиејќи кафе ми рече дека неговата Организација ХИЛАЛ има итна потреба за еден џип, едно комбе, па дури и за еден камион за превоз на хуманитарна помош. Џипот им го донесов по неколку дена, дури и го реновирав, и го донесов натоварен со прехранбени производи. Зачудувачки, џипот не го прими Хуманитарната Организација ХИЛАЛ, туку лично Мустафа Даути. Мене ми беше сомнително, но тој ме убеди дека претставува голем проблем, поради законите на земјата, да се направи такво нешто во име на организација, иако правото на потпис исклучиво го имаше Сулејман еф. Реџепи. Потоа ми рече дека Сулејман Ефенди Реџепи и Африм Тахири ти благодарат многу, но дека не се во можност да се состанат. Заминав! По неколку дена телефонски му се јавив на Мустафа и му реков дека најдов едно комбе Ford Transit за превоз на хуманитарна помош. Комбето ме чинеше многу скапо, бидејќи додека го донесов преку Србија, српските полицајци неколку пати ме одраа. Дојде Мустафа и повторно го изврши  примопредавањето во свое име, а не во име на Хуманитарната Организација ХИЛАЛ. Дополнително, притоа му дадов и 1500 евра на рака, бидејќи толку чинеле царинските трошоци. Повторно, Африм Тахири не беше во можност да се сретне со мене,  за што  Мустафа Даути имаше многу оправдувања! На Мустафа Даути  му донирав превозни средства во вредност од над 15 илјади евра за хуманитарни активности, а подоцна дознав дека донираните средства ги продал! Точно се знае за сé! За сето ова, и при секоја моја посета на Скопје, бев придружуван од мојот пријател Химмет Авчи, кој е сведок на настаните.

Но, овој неранимајко, Мустафа Даути, со дозвола на Реисот, ми се јави на телефон, при што ми кажа дека овој пат одлучиле аџиите со автобус да ги пратат со мене и со Имран Ахмети, имамот од Швајцарија, но дека од Јордан натаму треба да имаме авион. Бараат да им го спонзорирам регистрирањето на фирмата на име на Мустафа Даути, при што јас им дадов 2000 евра, додека целата процедура за регистрирање чини не повеќе од 250 евра.  Ми рекоа дека обезбедиле 150 аџии, и дека јас треба да резервирам авион, како и хотел за овие аџии. На крај, неранимајкото доаѓа со само 19 аџии. Повторно ме злоупотреби во име и со знаење на Сулејман Реџепи, додека, пак, со Африм Тахири, сé уште не се запознав. За жал, таа година, според Мустафа, Арапите не изразиле желба да дадат визи за Турците и дека Мустафа, бидејќи има другари големи мафијаши, ќе им се нафрлат на Арапите во хотелот и со сила ќе им ги земат визите. Ме замоли да имам трпение, гарантирајќи дека реисот Сулејман Реџепи ќе се пензионира во 2014 година, а дека во 2015 година Реис ќе стане Африм Тахири, а потоа гарантирано стопроценто аџилакот во Македонија ќе го добијам јас и никој друг, додека самиот Мустафа Даути ќе биде помошник на Реисот! Затоа, ми рече дека треба веднаш да и помогнам на Исламската Верска Заедница, најпрвин со 10 илјади евра, а вториот пат со 30 илјади евра. Се разбира, овој пат не се фатив на јадица, му реков не давам без да ми се обрати лично Реисот, а тој, пак, не ми ја побара оваа услуга!

Така, станав повод за големиот потрес во Исламската Верска Заедница, која, неминовно треба да се исчисти од нечистотиите. Му пишав на секретарот на Исламската Верска Заедница, Африм Тахири, двапати во мај и еднаш во јуни 2014 година, при што го запознав со сето тоа што го направив во негово име. Тој рече дека работи за да ме соочи со Сулејман Реџепи и Мустафа Даути, а  подоцна, додека чекаше повеќе од две недели одговор за да дојде до соочување, Реисот му дава на знаење дека соочување нема да има! Ова го присилува Африм Тахири, во знак на револт, да поднесе оставка и да иницира Движење за реформи во Исламската Верска Заедница.

Разбрав дека се и во судска процедура. Се разбира, очекувам да бидам поканет и јас како сведок и, едвај чекам да сведочам и да се соочам со овие типови кои се катастрофа за македонските муслимани.

PhotoGrid_1492036298362-300x300

IMG_20170413_001407-300x225

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: