Длабоко сме револтирани од неколку обиди на одредени сомнителни структури, кои последните случувања во Исламската Верска Заедница на РСМ да ги поврзат со името  МУСЛИМАНСКО ДВИЖЕЊЕ ЗА РЕФОРМИ ВО ИВЗ!

Категорично ги негираме овие дезинформации и, под морална и кривична одговорност нагласуваме дека, ова Движење не е дел на сценаријата кои се навиваат во Конаk на Сулејман Реџепи и кои срамно се “спроведуваат” во ИВЗ.

Муслиманското движење за реформи во ИВЗ преку својата ПЛАТФОРМА јасно и на многу транспарентен начин има објаснето како треба да се направат реформите и сите неопходни измени во ИВЗ, притоа, почитувајќи ги сите уставни норми, правните акти како и внатрешните правилници кои го уредуваат легитимното функционирање на органите на ИВЗ и кои обезбедуваат напредок  на развојот на исламскиот верски живот во РМ.

Африм Тахири,

Раководител на  ИМД ИВЗ РСМ